До грчкото Обвинителство доставен 21 случај со повици на социјалните мрежи за непочитување на мерките за Ковид-19

– Секторот за борба со компјутерски криминал на грчката полиција до надлежното Обвинителство доставил 21 пријава со материјал од социјалните мрежи и интернет што се однесува на повици за непочитување на мерките за заштита од Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Обвинителството во Атина, ќе треба да оцени дали за конкретните натписи и повици на интернет и социјалните мрежи има кривична одговорност.

Откако министерката за образование на Грција соопшти дека маската ќе биде задолжителна за учениците, на социјалните мрежи се појавија групи кои повикуваат децата да не носат маска во училиштата.

Дел од родителите што се членови на групите тврдеа дека или нивните деца ќе ги пратат во училиште без маска или дека ќе останат дома и нема да ја следат наставата.

Како што соопштија од грчката полиција, од доставените предмети до Обвинителството, 11 се однесуваат на конкретниот случај, додека пак останатите десет се за повици до граѓаните преку социјалните мрежи и интернет да не ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот. ср/сд/

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close