До крајот на денот и утре променливо облачно со пороен дожд

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до крајот на денов и утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Како што соопштија од УХМР, на места врнежите ќе бидат пообилни. Се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог.

Во недела пак, ќе дува силен северен ветер, што ќе услови значително намалување на дневната температура, за околу 10 степени, а од понеделник значително ќе се намали и утринската температура

Back to top button
Close