До крајот на годината „Виз ер“ со нови линии до Љубљана и Луксембург

Авиокомпанијата „Виз Ер“ ќе воведе нови линии од Скопје кон Љубљана и Луксембург, ова беше најавено на денешната прес конференција.

„Авиокомпанијата ‘Виз ер’ како што најавија, ќе воведе две нови линии во септември и во декември, до Љубљана и до Луксембург. Како што досега сте запознаени, од неодамна почна да оперира компанијата „Луфтханза“ до Франкфурт, од 12 мај почна „Кроација ерлаин“ со лет до Сплит, а во јуни планираме воведување на нова авиолинија со „Норвежијан ерлаинс“ до Осло. Тоа се новините засега од Скопскиот аеродром“, рече генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт на денешната прес конференција

Тој најави дека на скопскиот аеродром ќе има нов авион и дека со тоа ќе се зголеми бројот на летови на „Виз ер“. Курт изјави дека на аеродромот во Охрид ги очекуваат првите летови од Манчестер и Лондон, и дека има најава од „Ер Србија“ за директен лет од Белград до Охрид.

Тој рече дека работат на повторно воведување директна линија Скопје-Барцелона.

Back to top button
Close