До крајот на септември се очекува зонско паркирање и во Ново Лисиче

Градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески најави дека во иднина зонско паркирање ќе има и во населбата Ново Лисиче и Реонски центар.

Според него, во координација со ЈП „Градски паркинг – Скопје“, општината изготвила проект и чека одобрување од Град Скопје и МВР.

-Веќе сме во координација со „Градски паркинг“ и спремни се веднаш да почнат со поставување и одбележување на информативни табели. Очекувам дека најдоцна до крајот на месец септември, ќе почне зонско паркирање во Ново Лисиче и реонски центар, кажа Митески

Back to top button
Close