До крајов на неделава првични податоци од скринингот за имунитет на граѓаните во Скопје, скринингот во училиштата продолжува утре

 Серолошкиот скрининг на граѓани по случаен избори за испитување антитела е се уште во тек. Заклучно до денеска се собрани 800 примероци од жители на Скопје и 200 примероци од жители на Битола. До крајот на неделава се очекуваат првични податоци за серопреваленца во Скопје, а од следната недела и за другите градови од државата, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Во врска со скринингот на учениците за Ковид-19, од Министерството посочуваат дека тој денеска се спроведувал во основните училишта во Бутел, Кисела Вода и Чаир, а согласно планот, тој ќе продолжи и утре.

Скринингот на учениците почна во петокот кога беа опфатени основните училишта „Блаже Конески”, „Круме Кепески“, „Невена Г.Дуња“ и „Гоце Делчев“.

Дополнително, по обработка на податоците, јавноста навремено ќе ја информираме за наодите, како и за останатите аспекти од текот на скринингот, потенцираат од Министерството за здравство.

Back to top button
Close