До недела дожд
Под влијание на циклонска активност утре насекаде ќе има врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови, каде локално се очекува да наврнат над 40 l/m² за 24 часа.

Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст, соопшти УХМР.
Во Скопје, утре ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни, а во сабота ќе бидат со послаб интензитет и попладне ќе престанат






