До петок нестабилно со пороен дожд и грмежи

До петок ќе се задржи нестабилно време, претпладне претежно сончево, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Максималните температури до понеделник ќе се движат во интервал од 30 и 33 степени.

Back to top button
Close