До петок сончево и топло, а од сабота можни поројни дождови и грмежи
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Mаксималната температура ќе достигне од 27 до 34 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. T=31°C. P=981hPa. U=28%. V=2m/s. UV index=6.
До петок времето ќе се задржи претежно сончево и топло со постепен пораст на дневните температури. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот во северен. Потоа следува период на стабилно и потопло време.