До петок сончево и топло  

Наутро свежо, а преку денот сончево и малку потопло со слаб претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје, сончево и малку потопло со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 22 степени.

До петок ќе преовладува претежно сончево време и наутро постудено, а преку денот со се повисоки температури. Во сабота облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во недела и понеделник кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има позначително спуштање на температурите.

 

 

Back to top button
Close