До пладне во Франција гласале 18,43 отсто од гласачите

Учеството во првиот круг од законодавните избори во Франција, во 12 часот достигна 18,43 отсто, соопшти МВР, што е пад од 0,8 поени во однос на 2017 година кога изнесуваше 19,24 отсто, јави дописникот на МИА.

Исто така, излезноста e драстично намалена во споредба со првиот круг на претседателските избори во 2022 година, кога напладне достигна 25,48 отсто. Пониска е и од онаа на законодавните избори во 2012 година во исто време (21,06 отсто).

Од друга страна, учеството е многу поголемо од она на департманските и регионалните избори од 2021 година напладне (12,22 отсто). Конечно, тоа е еквивалентно на учеството во исто време на општинските избори во 2020 година (18,38 отсто).

Лот е департманот што гласаше најмногу напладне во неделата (27,8 отсто), пред Кантал (26,35 отсто), Јура (25,69 отсто), Дордоња (25,19 отсто) и Герс (24,86 отсто).

Најавеното масовно неизлегување на гласачите би можело да биде пресудна во трката меѓу шефот на државата, Емануел Макрон, и, Жан-Лук Меланшон, кој беше трет на претседателските избори и сега лидер на левицата.

Ансамбл (Заедно!), макронистичката коалиција што ги обединува Републиката во марш, Хоризон и МоДем, се чини дека е загрозена од левичарскиот сојуз Нупес (Нов народен, еколошки и социјален сојуз). Додека крајната десница, Националниот собир (РН) на Марин Ле Пен покажува умерени амбиции.

Доколку Емануел Макрон добие само релативно мнозинство, тој би бил принуден да преговара со другите парламентарни групи за да ги одобрат неговите закони.

Доколку, напротив, Нупес на Жан-Лук Меланшон освои апсолутно мнозинство, на Емануел Макрон ќе му бидат одземени практично сите овластувања

Back to top button
Close