До вчера Арсовска беше мајка на градот, а сега и бараат доказ за психофизичката состојба

Страшни и скандалозни се заканите и навредите што произлегоа од кавгата меѓу Христијан Мицкоски и Данела Арсовска, вели Васко Кичевски, прв човек на скопската организација на СДСМ

.Од првиот момент кога ќе станам премиер, ќе те влечеме по улици” и „ќе го бришеме подот со тебе”, така според сведоштвата на Арсовска, се заканувал шпицниот градоначалник Мицкоски. До пред само неколку месеци, ВМРО-ДПМНЕ за Арсовска зборуваше дека е најдобрата градоначалничка, дека е мајка на градот, а сега оваа партија бара доказ дека Арсовска е во добра психофизичка состојба. Наместо за граѓаните, наместо за проекти, граѓаните слушаат закани, навреди, едно ниско, разочарувачко ниво – вели Кичевски.

Според него, начинот на комуникација меѓу Арсовска и Мицкоски покажува зошто ништо во Град Скопје не функционира.

-И додека јавноста слуша за закани клевети и навреди меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска, СДСМ прави се за да ги реши проблемите на скопјани. Парното во Скопје веќе го презема и го управува Владата на премиерот Ковачевски, затоа што Арсовска и мнозинството во Советот од ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од него. Благодарение на одговорниот и чесен пристап на претседателот Ковачевски, блокадите на скопските улици се отстранети и дадена е шанса преку дијалог да дојдат до решение – истакна Кичевски.

Back to top button
Close