Доаѓа пријатно време – каква пролет не чека оваа година

Иако температурите се нешто пониски од она што го очекуваме за првата третина од пролетта сепак, долгорочните прогнози најавуваат релативно пријатна пролет, без некои екстреми.

Веќе кон крајот на оваа и на почетокот на наредната недела се враќаме на температури кои во одредени делови од земјава ќе надминат 25 степени.

Во овој температурен опсег, меѓу 20 и 25 степени се очекува да помине и целиот месец мај. Повремено може да се очекуваат и одредени врнежи од дожд но дневните температури во мај веќе нема да паѓаат под 20 степени, а утринските полека ќе растат и редовно ќе бидат двоцифрени.

Долгорочните модели предвидуваат повеќе врнежи кон крајот на мај и на почетокот на јуни, но тоа се прилично далечни прогнози кои ќе останат подлежни на многу промени.

Генерално, ќе имаме просечна пролет, со пријатни температури, ретки до умерени врнежи. Првите повисоки температури кои ќе надминат 30 степени може да се очекуваат некаде на средина од јуни

Back to top button
Close