Доаѓа уште еден топол бран

Времето утре ќе биде претежно сончево, со мала до умерена облачност. Попладне, главно во северните делови од земјата, се очекува изолирана нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер

Минималните температури ќе се движат од 11 до 18 степени, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 27 и 35 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со променлива облачност. Попладне во делови од котлината се можни краткотрајни врнежи од дожд со грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во продолжение следува период на стабилно и сончево време, со пораст на дневните температури. Според најавите, топлиот бран ќе почне да пристигнува кон крајот на неделата, но тој нема да биде силен како претходниот и температурите нема да се доближат до 40 степени или да ги надминат.

Back to top button
Close