Доцни исплатата на социјалните права, граѓаните револтирани и без одговор од институциите
Веќе десетина дена доцни исплатата на социјална помош, детски додаток, социјална пензија, надоместок за туѓа нега, како и сите останати додатоци што ги користат граѓаните со најниски примања. Корисниците велат дека доцнењата стануваат правило, а нивната егзистенција е сериозно загрозена.

Дел од граѓаните посочуваат дека исплатата доцнела и минатиот месец, а порамнувањето што го добивале поради покачувањето на цените им било укинато без објаснување. Тврдат дека веќе немаат средства за основните потреби и бараат надлежните да ги известат зошто доцнат парите.
Од институциите засега нема официјална информација за причините за доцнењето. Граѓаните апелираат државата итно да реагира и да обезбеди редовна и навремена исплата, бидејќи многумина од нив живеат буквално од денес за утре






