Додека е на лекување на Панчо нема да му се суди, постапката запрена за 11 лица

За 11 лица,  кои беа осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, постапката е запрена, затоа што засега немало доволно докази.

Постапката е запрена и за Владимир Блажев-Панчо од групата ДНК. Тој беше осомничен дека ја внел пиротехниката. Постапката за него е запрена додека е на лекување. Запрена е постапката и за Александар Карадаковски, управителот на хартија на фирмата ММММ Кафе, на која била издадена спорната лиценца за т.н. дискотека/кабаре. Тој почина на лекување во Литванија.

На 16 март годинава во дискотеката изби пожар во која загинаа 62 луѓе, а околу 200 беа повредени. Од пиротехниката се запали плафонот на дискотеката. Многу европски земји помогнаа во лекувањето на повредените.

Извор: 4news.mk

Back to top button
Close