Додека Нухиу вели дека МВР „работи на случајот“, Беким Асани добива смртни закани

Претседателот на здружението ,,ЛГБТ Јунајтед” од Тетово, Беким Асани, кој минатата недела беше претепан среде бел ден во неговото возило, сега прима закани по животот.

,,Нечиста крв, ќе ти ги извадам цревата од стомакот, многу малку време останува додека да се изненадиш што ќе ти се случи”. ,,Ќе ти летне главата, дури и да се скриеш во глувчешка дупка, ќе те најдам и ќе те убијам, дури и ФБИ да те заштитува. Немој да се закачаш со нашите пријатели, остави ги на мира ако сакаш да бидеш оставен на мира”, пренесе Слободен печат.

Смртните закани следуваат откако минатата недела среде бел ден во непосредна близина на канцеларијата на ,,ЛГБТ Јунајтед” Асани од две лица бил нападнат со тупаници по главата и стомакот по што заврши в болница.

Откако се случи нападот, лично на Асани му се јавил министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, кој го уверувал дека полицијата е максимално ангажирана да го разреши случајот. Но, приведен не е никој, а во меѓувреме блиски лица на напаѓачите му се закануваат на Асани.

повеќе

Back to top button
Close