Додека охриѓани со скршени срца ги испраќаат најблиските, по плажите се лумпува со журки, ала „Мито бекрија“!?

Опаката болест, корона вирусот Ковид – 19, однесе уште еден млад живот.

Пријател, идеен соборец и истомисленик, роднокраец од моја Дебрца.

Замина, токму кога требаше да живее мирно, да им се радува на децата, на животот.

Беше немирен дух, социјалдемократ по убедување, идејно близок, жесток полемичар, критичар на постапките на своите.

Почивај во мир, драг пријателе – Иле, насели се во пределите каде нема болка и неправди, кои тешко ги поднесуваше.

Не сакам да обвинувам никого, но годините, го бараат од мене тоа: да замолам, да опоменам.

Драги охриѓани, скопјани и кои и да сте, од каде и да сте. Баталите журки, одложете ги групните веселби за подобри времиња!

Баталете Мито бекрија на плажите во Градиште!

Помислите, барем за момент, и на оние кои предвреме заминуваат, ниту виновни ниту должни, што, можеби, и несакајќи, се нашле на погрешно место, во погрешно време!

Да не кажам: мегу (по)грешни луѓе!

Помислите на болката на семејствата кои губат синови, сопрузи, татковци…

Особено, вие, кои се претставувате како политичари и нас не претставувате, во градските совети, парламентот, владата…

Делувајте со позитивни, а не со лоши примери!

Во овие тешки моменти, немате право на грешка, а не вие за прв пат!!!!

Веле Митаноски

Back to top button
Close