Додека реновирал во домот, кавадарчанец пронашол експлозив скриен во ѕидот!

Несекојдневен настан се случил во Кавадарци синоќа, кога за време на реновирање во својот дом, кавадарчанец доживеал шок откако пронашол експлозив скриен во ѕидот.

Морал да интервенира и пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, кој безбедно ги подигнал пронајдените предмети, а од СВР Велес информираат дека станува збор за стар експлозив.

-На 18.06.2025 во 20.40 часот во ОВР Кавадарци, Н.М.(39) од Кавадарци пријави дека при реновирање во неговиот дом, во внатрешноста на ѕидот пронашол 18 парчиња стар експлозив и две парчиња стар фитил. Пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување безбедно ги подигнал предметите, потврдија од СВР Велес.

Од таму соопштија дека увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кавадарци.

Back to top button
Close