Додека седел со синот во неговата соба им паднал залутан куршум

Вчера околу 22.15 часот во полициската станица Центар, С.Ф. од Скопје пријавил дека додека седел со неговиот малолетен син во една од собите од семејната куќа на ул.„Мирослав Крлежа”, се слушнало пукање од огнено оружје, а проектилот го пробил покривот и паднал на паркетот во нивна близина.

„Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Back to top button
Close