Додека Скопје остана без радар, неотпакуван чека во дворот на М-НАВ

Воздушниот сообраќај над Скопје се соочува со предизвици откако се расипа главниот радар на М-НАВ, што доведе до ограничувања во покривањето на скопската маневрирачка зона. И додека од М-НАВ смируваат дека нема безбедносни импликации и дека постојат дуплицирани системи, јавноста е изненадена од фактот дека нов радар, купен уште во март, сè уште не е монтиран.

Владимир Ристески од М-НАВ за 24Инфо изјави дека новиот радар бил набавен навреме, но се чекало да помине летната сезона со цел да не се попречува нормалното одвивање на авиолетовите. „Се чекаше да помине летниот период и екот на сезоната, за да не правиме демонтажа и монтажа на радар кој се наоѓа на кулата“, вели Ристески.

 

 

И додека алармот за застареност на системите се огласува со години, новиот радар чека неотпакуван во дворот на претпријатието, што фрла нова сенка на начинот на кој се менаџираат критичните инфраструктурни проекти. Граѓаните и синдикатите се прашуваат зошто е купен дел кој е клучен за безбедноста, а потоа се остава да собира прашина, чекајќи го „идеалниот момент“ за инсталација.

Проблемот со јавните набавки, според Ристески, дополнително ја отежнува ситуацијата, бидејќи постоечкиот закон им ги „врзува рацете“ при набавка на резервни делови, што честопати ги принудува да бараат алтернативни решенија

Back to top button
Close