Додека во Србија се протестира Вучиќ игра шах
Додека во Белград се оддржуваат протести, претседателот на Србија, Александар Вучиќ игра шах. Тој објави фотографија од Претседателството на Србија, со порака „Моменти на релаксација“.
На сликата игра шах со Лука Петровиќ, градскиот секретар за инвестиции.
– Во моментов од претседателството. Моменти на релаксација – напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.
Студентите во блокадата денес одржуваат протест во центарот на Белград, на Видовден. Собирот се одржува под слоганот „Се гледаме на Видовден“ на плоштадот Славија. Ќе трае до 21 часот