Доделени британските БАФТА награди за филм и ТВ

Доделувањето на наградите на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА) во Лондон синоќа собра некои од најголемите холивудски ѕвезди. А, со седум одличја од вкупно 14 номинации, филмот за Првата светска војна – „На Запад ништо ново“ (All Quiet On The Western Front) ја освои вечерта.

Oстварувањето на режисерот Едвард Бергер ги освои наградите Најдобар филм, за режија, адаптирано сценарио, кинематографија, филм од неанглиско говорно подрачје, звучни ефекти и за оригинална музика.

Следуваат „Елвис“ и „Самовилите од Инишерин“ (The Banshees of Inisherin) со по четири статуетки. Меѓу другите, „Самовилите од Инишерин“ ги доби одличјата и за оригинално сценарио и Најдобар британски филм на годината.

Наградата „БАФТА“ за најдобра женска улога ја доби Кејт Бланшет, за улогата во филмот „Taр“, а најдобар глумец, според БАФТА, е Остин Батлер кој го одглуме насловниот лик во „Елвис“.

„Аватар 2“ е проглаен за филм со најдобри специјални визуелни ефекти.

Back to top button
Close