Доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин”


Во Собранието денеска ќе биде доделена државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” за 2022 година за остварувања во областа на публицистиката и на новинарството.

Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” за остварување во областа на публицистиката во собраниската Кристална сала ќе му биде врачена на Александар Трајковски, а за остварување во областа на новинарството на Лаура Папранику-Бејтула.

Back to top button
Close