Додик осуден на една година затвор, Лукиќ ослободен од обвиненијата
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик е прогласен за виновен пред Судот на БиХ по обвинението за „непочитување на одлуките“ на Кристијан Шмит, додека вршителот на должноста директор на „Службен весник“ на Република Српска, Милош Лукиќ е ослободен од одговорност.
Станува збор за првостепена пресуда која може да се обжали.
Во краткото обраќање до насобраниот народ пред зградата на Народното собрание на Република Српска, Додик потврди дека е осуден на една година затвор и ги повика граѓаните да бидат весели.
„Тие велат дека сум виновен. Веселете се, нема причина за загриженост“, рече Додик