Додик веќе не е претседател на Република Српска

Потпретседателот на Република Српска од хрватскиот народ, Давор Прањиќ, потпиша указ за прогласување на Законот за измени и дополнувања на Законот за полиција и внатрешни работи, со што официјално јасно се стави до знаење дека Милорад Додик му ги префрлил своите овластувања, јавија регионалните медиуми.

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот на Додик како претседател на РС врз основа на конечна пресуда на Судот на БиХ. Указот за прогласување на законот со целиот текст на законот е објавен во денешниот Службен весник на РС.

Иако Додик и владејачката коалиција ја отфрлија одлуката на ЦИК да му го одземе претседателскиот мандат и да распише предвремени избори за претседател на РС на 23 ноември, фактот што потпретседателот Прањиќ го потпиша указот за прогласување на законот значи дека Додик ја признал и одлуката на Судот на БиХ и одлуката на ЦИК дека тој повеќе не е претседател на РС.

Владејачкото мнозинство во Народното собрание на РС донесе заклучоци со кои не ја признава одлуката на Судот на БиХ, кој го осуди Додик на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење јавна функција поради неспроведување на одлуките на високиот претставник во БиХ.

Back to top button
Close