Догодина се планираат 10 отсто повеќе приходи и 5,8 отсто повеќе расходи


Владата на денешната седница утврди текст на Дополнетиот предлог буџет на Република Северна Македонија за 2024 година.

Како што соопшти владината прес-служба, Дополнетиот Предлог Буџет, предложен од Министерството за финансии, претставува нов интегрален текст, во којшто Владата, на предлог на Министерството за финансии, ги вгради прифатените амандмани, по расправите во надлежните комисии во Собранието, а се направени се и потребни измени и дополнувања на првично утврдениот Предлог буџет.

Клучните елементи на Дополнетиот предлог буџет за 2024 година, велат од Владата, се редизајнирање на буџетската политика и фискална консолидација

Back to top button
Close