Договори до декември, но не и решение за работа – медициските сестри од Тетово незадоволни, најавија протест во Скопје

На медицинските сестри од Клиничката болница Тетово, кои протестираа една недела, ќе им бидат продолжени договорите за работа до декември.

Сепак, тие велат дека не ги добиле редовните решенија за работа што ги бараат. Денеска директорот на болницата ги информираше дека ова е привремено решение. Медицинските сестри се незадоволни и најавуваат дека ќе продолжат да бараат решенија за редовно вработување, јави ТВ „21“.

&„Едно од нашите барања беше да добиеме решенија за работа, а другото беше исплата на неисплатените плати. Исто така, да имаме договор на дело за да не работиме без плата. Едно од барањата беше прифатено од институцијата во која работиме, односно директорот не информира дека договорите ќе ни бидат продолжени до декември. Сепак, за првото и најважното барање треба да се обратиме до Министерството за здравство, за Министерството да поднесе барање и молба за одобрување на решенијата“, вели Флутура Ислами.

„Сега чекаме. Директорот не информира дека ќе добиеме плата, но се уште немаме информации за проблемот со решенијата за работа. Директорот рече дека тој не носи решенија, затоа ни беше кажано да се обратиме во Министерството, бидејќи тие одлучуваат. Чекаме да се избере нов министер и ќе се сретнеме со него за да ги бараме нашите права“, порача Фиола Аља.

Агим Бериша, директорот на Клиничката болница, рече дека ќе побара од Министерството да се реши статусот на медицинските сестри.

„Секако дека ќе продолжиме да бараме. Ова не може така да продолжи, бидејќи и намерата на новата Влада е да ги системира овие луѓе. Се надеваме дека ќе имаме разбирање од новиот министер за да го решиме нивниот статус“, вели Агим Бериша.

139 медицински сестри и технички персонал од Клиничката болница Тетово, една недела по ред протестираа поради неплаќање на платите и поради нивниот работен статус. Тие денеска изјавија дека доколку не се најде решение за нивниот статус, протестите ќе ги продолжат во Скопје пред Министерството за здравство.

Back to top button
Close