Доколку Џафери не претседава со конститутивната седница, таа обврска би му припаднала на највозрасниот пратеник – Стојан Миланов од СПМ

Доколку Џафери, кој е избран повторно за пратеник, како носител на листатат на ДУИ во петтата изборна единица, не претседава со конститутивната седница, тогаш таа обврска би му припаднала на највозрасниот пратеник или на некој од следните по возраст.

Не е исклучено, при евентуално отсуство на Џафери, со конститутивната седница, до изборот на претседател на 10. собраниски состав, да претседава Стојан Миланов од Социјалистичката партија, која е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Врз основа на биографиите на новоизбраните пратеници, Миланов (72), за кого ова е нов пратенички мандат, е „лоциран“ за највозрасен меѓу парламентарците што беа избрани на 15 јули.

Следен според возраста е Илија Николовски (72) од Партијата на пензионерите, за кого ова е исто така нов мандат од листатат на коалицијата на СДСМ.

Пред истекот на последните рокови за одржување на конститутивната седница, Џафери, како што е уредено со владината одлука за одбележување на Илинден, на 2 мај треба да учествува на централната манифестација во Крушево. Последната информација од Владата, која заседава и денеска, беше дека во текот на оваа недела би се сменила одлуката за одбележувањето на Илинден, доколку здравствената состојба на Џафери не му дозволува да говори на Мечкин Камен.

Back to top button
Close