Доктор Нино Васев ослободен од притвор, мерката можела да трае уште еден месец

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната на Н.В. и Н.Н. за укинување на мерката притвор со определување гаранција, по добиено позитивно мислење од надлежното Јавно обвинителство, донесе решение со кое предлогот се уважува. Ова стои меѓу другото во соопштението од Кривичен суд во врска со ослободувањето од притвор на поранешниот директор на клиниката за онкологија – Нино Васев.

„На обвинетиот Н.В. му е определена гаранција во износ од 183.981 евра во корист на Република Северна Македонија, која се состои од ставање под хипотека на недвижен имот, додека на обвинетиот Н.Н. му е определена гаранција во износ од 348.049 евра, исто така со ставање под хипотека на недвижен имот.

Воедно, на обвинетите им се определени и следните мерки на претпазливост:

забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето на територијата на град Скопје;

обврска еднаш месечно да се јавуваат во судот; и привремено одземање на патните исправи и забрана за издавање нова патна или друга исправа за преминување на државната граница.

При одлучувањето, покрај позитивното мислење на Јавното обвинителство, Советот го имал предвид и фактот дека мерката притвор, определена со решение на Апелациониот суд Скопје, согласно законските одредби, може да биде продолжувана и да трае најдоцна до 18 јули 2026 година.

Со оглед дека надлежното обвинителство се откажа од правото на жалба против овие решенија, а хипотеката понудена како гаранција е веќе впишана во Катастарот на недвижности, истите станаа правосилни, по што обвинетите се ослободени од притвор“ стои во соопштението на Кривичен суд.

Back to top button
Close