Доктор од Крушево почина од корона вирус
Крушевски матичен лекар Вангел Трајчулески, денеска ја изгуби болеста со корона вирусот, пренесе Фокус.
Тој бил хоспитализиран десетина дена во Инфективната клиника, а денеска починал поради компликации од Ковид-19.
Досега во земјата се направени вкупно 347.080 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 67311, бројката на оздравени пациенти е 42872, на починати е 1901, а бројот на активни случаи изнесува 22538. Во Крушево има 75 активни случаи.