Доктор Ристески: Со едно вкрстување на податоци лесно може да се докажат злоупотреби на Онкологија

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, доктор Милан Ристески во денешното гостување на телевизија Алфа рече дека не е точно дека е невозможно да се докажат евентуалните злоупотреби на Клиниката за онкологија. Според него, тоа може да се направи со едно вкрстување на базите на податоците.

-Тешко ми е да прифатам дека ова се случувало. Тоа политичко вработување на луѓе си го направи своето. Кога политиката ќе влезе во здравството, тогаш се случуваат вакви работи. Ревизијата беше насочена кон материјално економскиот извештај, а не кон медицинскиот. ОЈО требало уште одамна да реагира, ревизијата е изработена во 2022, а сега сме 2023 година, рече доктор Ристески.

Тој објасни дека многу ретко кој лек во онкологијата е готов, спремен за употреба туку лековите доаѓаат во вијали и потоа зависо од параметри на пациентот треба да се модифицираат во доза. Секогаш при правење на дозата, се јавува остаток, а менаџментот на тој остаток на влијае на искористеноста.

-Ако буџетот за набавка на лекови е 10 милиони евра, 10 отсто остаток е загуба од еден милион евра. КАТО системот е само мал дел. За жал во 2017 не успеавме до крај да го споиме. Онкологија во обичен ден има не помалку од 250 припреми на терапии. И таму брзо се работи, има персонал кој е навежбан тоа брзо да го прави. За да се спреми лек, треба да се внесе во некаков носач, најчесто тоа е физиолошкиот раствор.  250 мл физиолошки раствор се става лек од четири милилитри, и вкупно тежината треба да биде 254 милилитри течност, објасни докторот.

Back to top button
Close