Докторите во државните болници ќе може да работат до 70 години, доколку има потреба од нив

Докторите во државните болници ќе можат да работат до 70 години и да ја задржат пензијата, доколку има потреба од нивниот ангажман, предвидуваат измените на Законот за здравствена заштита. Сепак, работењето по 67 години ќе биде можно само со согласност од ресорното министерство, ФЗОМ и стручниот колегиум, а поради недостиг на кадар во одредени специјалности.

Инаку, огласите за вработување на нови доктори ќе се објавуваат онлајн, рокот за пријавување ќе се продолжи, а селекцијата ќе се спроведува со јасно бодирање. Директорот ќе мора да го вработи најдобро рангираниот кандидат.

Се воведува и приоритетно вработување на најдобрите дипломирани студенти по медицина. Забрането ќе биде преземање лекари од примарно и секундарно во терцијарно здравство за да се спречат злоупотреби

Back to top button
Close