Докторка отишла на работа во Газа, во болницата стигнале телата на нејзините седум убиени деца
Докторката Алаа ал-Наџар вчера ги оставила своите десет деца дома и отишла на работа во одделот за итни случаи на медицинскиот комплекс Насер во јужниот дел на Појасот Газа.
Неколку часа подоцна, тела на седум деца повеќето тешко изгорени пристигнаа во истата болница, објави Министерството за здравство на Газа, предводено од Хамас.
„Тоа беа нејзините деца, убиени во израелски воздушен напад врз семејната куќа, објави Цивилната заштита на Газа. Најстарото дете имало 12 години, а најмалото само три. Телата на уште две деца седуммесечно бебе и двегодишно дете се уште се закопани под урнатините, јавува Си-Ен-Ен. Преживеа само едно дете, со тешки повреди. Сопругот на докторката, исто така лекар, е тешко ранет. Британски хирург кој работел во болницата рекол дека го оперирал нејзиниот 11-годишен преживеан син.
Според Цивилната одбрана и Министерството за здравство, израелски воздушен напад ја погодил нивната семејна куќа во областа Кан Јунис, јужно од Газа. Цивилната одбрана на Газа објави вознемирувачко видео од местото на нападот. На него се гледа како медицинските работници го креваат ранетиот на носилка, додека други се обидуваат да го изгаснат пожарот што ја зафати куќата. Во урнатините наоѓаат тела на неколку деца и ги завиткуваат во бели чаршафи.