Докторка со апел до министерот: Не препораки, треба да дадете НАРЕДБИ за справување со превисоките температури

*Објава на Фејсбук – докторка со апел да се дадат наредби, а не препораки за топлото:

Почитуван министер за здравство, почитувани од надлежните институции!

Гледам министерот за здравство, кој не е доктор, а и нов е во овој ресор, си објавува во моментов на страната на МЗ на Македонија вработувања во Тетово или некој друг град, сеедно!

Македонија и жителите се дома во темница, во моментов во 20 часот на 35°Ц, под клима, дишат на шкрги, свират постојано сирени на Брза помош, некој е во опасност од еден од најстрашните пеколни и подолготрајни тропски температурни бранови во државава (и во регионов) досега…

Дали е во ред советниците кои се лекари да не му укажат на министерот дека треба да се погрижи за населението, во случајов и за вработените, вулнерабилни категории на граѓани?! Реално, Македонија е во Црвена фаза и имаме (според податоци од нашиот ХМЗМ) Црвен аларм, Предупредување, а не Мерки на Претпазливост и не е портокалова фаза (како што на тв Алфа си кажа новинарката),туку најцрвена, до точка на вриење!

Истата фаза, но со многу посериозни и ригорозни мерки во корист на граѓаните ја имаат и во соседна Грција и делови од соседна Србија. Таму издадоа Наредби, а не дадоа Препораки. Во Грција дури и за туристите, за кои не им ветуваат обезбедување на плажите ако излезат од 11 до 17 часот на плажа.

Институтот за Јавно Здравје на Македонија, во јуни 2025, донесе мерки за справување со последиците од глобалното затоплување, односно има донесено Акционен план за спречување (намалување) на последиците од топлотен бран во периодот од 2025-2030 година. Значи, се е напишано, се е одлично предвидено, само треба да се има волја и да се пренесе истото во пракса. Дали колегите доктори ќе му појаснат на министерот што значи овој топлотен шок,

-за оние над 60 години,

-за хронично болните од кардио-васкуларни и респираторни заболувања, онколошки пациенти или со дијабет,

-за трудниците ??? Тие работеле, работеле…дошле и помлади сега, фала Богу, имаат своја замена, барем за два-три дена! И дали му кажале дека е неопходно да бидат изземени од работниот процес, а не да им давате препораки, посебно не на лекарите (малку се, не се многу, па размислете да не ги губиме и тие што ги имаме).

Секако, да не заборавам, овој пеколен топлотен бран е исклучително опасен и за најмалите деца и за бездомниците (но, за нив сметам дека треба да се погрижи Црвениот крст, по примерот во Грција и други европски држави.).

Пред нецел месец во топлотниот бран изгубивме неколку наши сограѓани и блиски, мои лично четири познати за три дена.

Еден човечки живот нема никаква цена! Не го ставајте во опасност за ништо на светот! Не сме за една употреба!

Акциониот план на ИЈЗ на Македонија, во прилог.

ЛИНК од објавата

Back to top button
Close