Докторката Цаца Билјановска, која беше разрешена од директорка, се врати на работа во Кожната клиника

Докторката Нина Цаца Билјановска која што беше сменета од директорската позиција на Државната клиника за кожни болести поради тоа што на почетокот од епидемијата криеше дека била во Италија и имала симптоми на коронавирусот се врати на работното место, објави ТВ 24.

Поради тоа што постапи спротивно на препораките, обвинителството ја обвини за кривично дело пренесување заразна болест и предложи таа да биде казнета со 10 000 евра.

Таа беше меѓу првите пациенти во земјава за кои се потврди дека се заразени со новиот коронавирус.

Back to top button
Close