(Документ) Зошто Дејан Митевски не е уапсен иако има кривична пријава за загрозување на здравјето на скопјани?!

t

Јавното прептријатие на Општина Аеродром Скопје за период од 2022 година до 2025 година не ја исполнувало основната своја дејност и законски утвредните обврски за одржување на јавната хигиена и управување со комуналниот отпад на територија на Општина Аеродром, а со тоа го довело во ризик јавниот интерес, здравјето на граѓаните и животна средина стои во Кривичната пријава поднесена до Основното јавно обвинителство во Скопје пред речиси еден месец во која се бара одговорност од раквоводството на претпријатието, но и градоначалникот на Аердором и кандидат за нов мандат од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митевски.

-Оваа кривична пријава ја поднесуваме согласно член 230 став 1 и став 6 од Кривичниот Законикм како и член 273 став 1 и член 274 став 1 од Законот за кривична постапка за сторени кривични дела кои произлегуваат од неисполнување законски и службени обврски поврзани со заштита на животната средина, јавната хигиена и здравје на граѓаните.

Соогласно пријавата Митевски на социјалните мрежи ги повикал граѓаните да го исфрлат својот кабаст отпат на цела територија на општината кој не го одлагале прописно со што дефакто помогнаа во изминатиот период дополнително да се затрупа општината во отпад, а со што го довеле во ризик здравјето и животот на граѓаните на општината.

Митевски и претпријатието затоа што ненавремено ги извршувале своите обврски во Аеродром се ширеле непријатни мириси и се појавиле глодари и инсекти, а постоела сериозна опасност од ширење на зарази и други болести.

На крајот се посочува дека постојат сериозни основи за кривично дело поради пропусти и злоупотреба на службената положба и овластувања, како и сериозни кривични дела против животната средина и здравјето на луѓето.

Back to top button
Close