Документарниот филм „Христијански симболи“ на фестивалот „Богородичен покров“

Документарниот филм „Христијански Симболи “ ќе биде прикажан вечер на програмата на седмиот Меѓународен филмски фестивал за културни, духовни и хумани вредности „Богородичен покров“, што се одржува од 17 до 25 декември на Јутјуб платформата.

Филмот е дел од серијата Симболи, резултат на документарно петгодишно истражување во кое се говори за континутетот на историјата на Македонската православна црква –Охридска Архиепископија од времето на апостол Павле до денес и за христијaнските симболи.

Режијата и сценариото се на Зорица Костовска, основач и директор на фестивалот, а продукцијата на Топ Ворлд.

Филмот е на македонски јазик, и има верзија на српски јазик и на англиски јазик.

На последната фестивалска вечер ќе се одржи проекција на „Писменост“, од продукција „Топ Ворлд” од земјава, документарен филм исто така од серијата Симболи од архивата на Топ Ворлд. Во него се говори за континуитет на писмото и јазикот во нашата држава од античко време до неговото прогласување за службен јазик на 2 август 1944. година во манастирот Прохор Пчински, на историското заседание на АСНОМ.

Фестивалот е основан во 2016 година.

Back to top button
Close