(ДОКУМЕНТИ) „Нова бомба: Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ОКГ“ , вели Кузеска
Прес-конференцијата на портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, се одржа во рамки на која партијата изнесе обвинувања поврзани со концесијата за рудник за антимон во Крива Паланка, се наведува во соопштението.

СДСМ тврди дека зад компаниите кои се носители на концесијата за рудникот стојат донатори на ВМРО-ОКГ, оценувајќи дека станува збор за „бизнис интереси“ поврзани со владејачката структура, стои во соопштението.
„Официјалните податоци од Министерството за енергетика откриваат дека моментален концесионер на локалитетот Луке е компанијата ‘РИ Енергетика Пела ДОО Скопје’“, се наведува во изјавата.
Во соопштението од СДСМ тврдат дека сопственик на компанијата е Ѓорѓе Качурков, кого го опишуваат како донатор на ВМРО-ДПМНЕ, при што посочуваат дека тоа е поткрепено со финансиски извештаи и документи.
Во соопштението се наведува и дека договорите поврзани со проектот се поврзуваат со повеќе фирми и лица, за кои СДСМ тврди дека се дел од „мрежа на деловни и политички врски“.
„Ова е уште една причина зошто мора да има референдум во Крива Паланка и да се прашаат граѓаните“, стои во соопштението.
СДСМ додава дека здравјето на граѓаните мора да биде приоритет пред, како што наведуваат, „профитни интереси“.






