(Документи) Шокантен скандал во Тетово на неколку часа пред изборниот молк: Речиси 600-тини активисти на ДПМНЕ и Влен земале плата, a не оделе на работа

Официјални документи објавени вчера и денес на порталот TetovaSot откриваат дека секој месец од буџетот на Општина Тетово и нејзините јавни претпријатија – ЈКП Шар, ЈКП Тетово, ЈП Тетово Транспорт, Градски паркинг и Агенцијата „ЏОБ 2011“ – се исплаќаат над 10 милиони денари за „привремени вработувања“.

Списокот со стотици имиња и идентични месечни износи, според експертите, претставува најголемата документирана шема за купување гласови во историјата на градот.

Шемата на фиктивни вработувања

На хартија фигурираат „привремени работници“, но повеќето од нив никогаш не се појавиле на работа. Исплатите се вршат редовно секој месец преку јавните претпријатија, со налози потпишани од политички назначени директори.

Износи што го потресуваат Тетово:

• Во еден месец: 10 600 000 ден. (≈ 172 000 €)
• Во една година: 127 200 000 ден. (≈ 2 064 000 €)
• Во четири години: 508 800 000 ден. (≈ 8 256 000 €)

Ова се пари на тетовските даночни обврзници кои, наместо да се инвестираат во улици, осветлување, чистење или образование, се распределуваат за „вработувања“ со политички карактер.

Политичките профитери и институционалниот молк

Нема ниту една официјална реакција од Општината или споменатите претпријатија. Додека градот се соочува со долгови, недостиг на инвестиции и уништена инфраструктура, јавниот буџет се користи за одржување на една изборна машинерија.

Граѓаните ја плаќаат цената

Секој денар исплатен во овие шеми е една неасфалтирана улица, едно училиште без опрема, едно маало без осветлување. Тетовци скапо плаќаат за политичкиот луксуз на мала група што ги контролира општинските институции.

Барање за итна истрага

Оваа афера бара итна интервенција од Основното обвинителство, Државната комисија за спречување на корупција и Министерството за финансии. Мора да се изврши ревизија на секоја исплата, да се провери секое име и да се побара одговорност.

Тука можете да ги прочитате сите имиња.

Back to top button
Close