ДОМ ЛДП и ДС на Пендаровски му ја кажале загриженоста од францускиот предлог

Средба со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов и со претседателот на Либерално-демократската партија Горан Милевски, партии кои се дел од владината коалиција, попладнево имаше претседателот Стево Пендаровски.

На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и за модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија. Лидерите на трите партии ги образложија партиските согледувања за францускиот предлог, и ги истакнаа нивните загрижености во однос на истиот“, се наведува во соопштението од Кабинетот на Пендаровски.

 

Back to top button
Close