ДОМ: Поповска има нов политички дом – нашиот фокус е на иднината
Соопштение на ДОМ
Демократска обнова на Македонија (ДОМ) сака да ја разјасни својата позиција во однос на повторените јавни поврзувања на Лилјана Поповска со нашата партија. Иако ја цениме нејзината досегашна улога во политичкиот живот, сметаме дека е важно да се направи јасна разлика меѓу минатото и сегашната насока на ДОМ.
Партијата денес се води од принципите на транспарентност, инклузивност и колективна одговорност, преку модел со четворица ко-претседател(к)и. Овој систем ја поттикнува рамноправноста и спречува било каква концентрација на моќ, што претставува значаен исчекор од претходните модели на управување.
Свесни сме дека Лилјана Поповска е ангажирана во нови иницијативи, како што е „Зелен хуман град” и веруваме дека нејзиниот фокус треба да остане таму. Во таа насока, ДОМ охрабрува почитување на различните политички патеки и избегнување на мешање кое може да создаде недоразбирања или да ја наруши довербата на граѓан(к)ите.
Нашата партија останува посветена на градењето на зелена, инклузивна и европска Македонија преку „Коалицијата за зелена иднина”. Ги повикуваме сите членови и симпатизери да ја поддржат реформската насока и да ги стават заедничките вредности пред индивидуалните интереси