Дома е најубаво: Меган Маркл ја прекинa тишината по враќањето во САД

Во ново интервју, Меган Маркл вели дека добро е да се биде домa во Америка и ветува дека во иднина ќе биде погласнa во борбата против расизмот.

Војвотката од Сасекс зборуваше за смртта на Џорџ Флојд во рацете на полицијата и рече дека со нетрпение очекува да биде дел од очекуваните измени во однос на расизмот и несвесната пристрасност.

Меган говореше за 19thNews, кои за себе тврдат дека се непрофитна, непартиска редакција која што известува за таканаречениот самит за претставување – недела на виртуелни разговори со водечки жени во политиката и во јавниот живот.

Во едно од првите интервјуа по враќањето во САД, Меган вели „Беше тажно да се види каде е нашата земја во тој момент.“

Таа додаде: „Од моја гледна точка, не е ново да се види ваков наплив на расизам и несвесна пристрасност, но навистина се радувам на промените што се прават сега – и едвај чекам да бидам дел од тој процес“.

„И да бидам дел од користењето на мојот глас на начин на кој претходно не можев. “Значи, да, добро е да се биде дома”.

Најновото појавување на Меган се случува во време кога многумина стравуваат дека експлозивната биографија на новинарите Омид Скоби и Каролин Дуранд ќе предизвика трајна штета во кралското семејство.

Во книгата од 347 страници опишани се приватни детали од животот на Сасексови, вклучувајќи ги и фрустрациите на парот во животот зад зидовите на палатата и бројните испади во кругот на монархијата.

Британски „Мирор“ цитира инсајдер кој вели дека биографијата „Пронаоѓање слобода: Хари и Меган и создавањето на модерно кралско семејство“, е крајно еднострана приказна која ќе остави трајни лузни на односите на парот со остатокот од кралското семејство, особено со тие од врвот.

Back to top button
Close