Домашна крем супа од печурки

Кремасто, ароматично, многу вкусно…

Состојки:

500 грама мешани печурки

1 црвен кромид

2 чешниња лук

1 морков

200 мл бело вино

250 мл млеко или павлака за готвење

масло или путер

зеленчук, сол, бибер, магдонос, мајчина душица по вкус

Подготовка:

Исчистете ги печурките, и исецкајте ги. Излупете го црвениот кромид и морковот, исецкајте ги ситно и лесно пржете ги во врело масло, додека кромидот не добие златна боја. Додадете го исчистениот и исецкан лук заедно со печурките и пржете на тивок оган, додавајќи вода. Додадете вода во печурките по потреба, прелијте со виното, зачините и гответе на тивок оган, мешајќи додека супата малку не зоврие и печурките не омекнат. Додадете павлака или млеко и гответе додека супата не се згусне. Густината може да се постигне и со додавање малку брашно измешано со вода.

Сервирање

Сервирајте топло, со препечено лепче…

 

Back to top button
Close