ДОМАШНА РАБОТА: Стотројка на Македонско радио – Радио 2

Секоја недела во 20 часот

На 2 март оваа година, во 20 часот на програмата на Македонско радио – Радио 2, во етерот започна да зрачи „Домашна работа” – радио магазин за современа музика и култура во продукција на Стотројка. Се работи за прва официјална соработка, по повеќе децении, помеѓу Македонската Радио Телевизија и Канал 103, еден од најстарите независни и алтернативни медиуми во земјата и радио на заедницата, основано 1991 година во рамките на Македонското радио / Радио Скопје. Со тоа, по долги четири години, Канал 103 повторно се враќа на ФМ скалата, па макар и на 2 часа неделно, овојпат на национално ниво. Ова треба да биде само прв исчекор, само почеток на една континуирана соработка меѓу националниот јавен дифузер и Канал 103, која во иднина ќе се развива и продлабочува на взаемно задоволство и конечно, во интерес на граѓаните и јавното добро. Сето тоа со една конечна цел – враќање на фреквенцијата и дефинитивно легализирање на Канал 103, кој веќе 34 години е бастион на независната мисла и радио дом на културата.

„Домашна работа” е радио магазин што ја истражува и промовира македонската алтернативна и независна музичка и културна сцена. Наменета за пошироката публика со интерес за музика, култура и уметност, емисијата има за цел да им даде глас на локалните музичари, уметници и културни активисти, истовремено поттикнувајќи критичко промислување на тековните предизвици во културниот сектор. Со времетраење од два часа, оваа внимателно подготвена радио програма ќе се емитува секоја недела на фреквенциите на Македонско радио – Радио 2, а истовремено и на стриминг каналите на Стотројка.

Една од главните цели на „Домашна работа” e промовирање и развивање на сцената надвор од главниот град и придонесување кон суштинска културна децентрализација.

Така, во второто издание на овој радио магазин, Стотројка го посети градот херој, по повод Прилепскиот карневал и еднодневниот фестивал „Прочка ебаго” – добар пример за успешна соработка меѓу независната сцена и локалните јавни институции.

Емисијата е достапна за слушање на следниов линк: https://soundcloud.com/stotrojka/domashna-rabota-002-09-03-2025

Во третото издание на „Домашна работа” што ќе се емитува на 16 март, меѓу другите содржини, слушателите ќе можат да проследат интервју со македонскиот музичар и композитор Никола Коџабашија, кој веќе долги години живее и работи во Велика Британија,

Фотографиите се на Јелена Белиќ

Back to top button
Close