Домот на АРМ стана нов Дом на танцот

– Поминавме долг пат и успеавме да го постигнеме тоа што го сакаме. Во овој момент Скопје-Штип танцовата академија како што популарно ја нарекуваме, односно катедрата за танц при УГД доби простории во кои што ќе работи благодарение на Министертствоо за одбрана. Ние ги реновиравме просториите со донација од нашите холандски пријатели од околу 18.000 евра. Поставен е специјален балетски под и специјален дрвен под за двете студија и мислам дека во моментов сме единствени во Македонија кои имаат таков под кој благо вибрира и овозможува да се спречат евентуални повреди на танчерите. Како Универзитет се трудиме нашите студенти да имаат извонредни услови за работа по европски стандарди, а од оваа година и ја интернационализираме програмата. Веќе имаме странски студенти, програмите одат на англиски јазик и отвораме мастер студии на кои веќе имаме пријавено студенти не само од Македонија, туку од регионот и пошироко – рече Рисимкин на денешната прес конференција.

Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп изрази задоволство што пред 11 години го поддржале како Амбасада проектот за современ танц во траење од три години од кој потоа се формира Скопје танцовата академија (СТА).

– Како донатори секогаш кога треба да поддржиме нешто ново претставува ризик. Но денес тука по повеќе од 10 години можеме да кажеме дека сме наградени со резултати. Покрај преземање на искуство и знаење, оваа комуникација овозможи и размена меѓу уметници, кореографи. Она што е од уште поголемо знаечење е дека Скопје танцовата академија навистина направи одлични чекори понатаму. По иницијалната поддршка СТА продолжи со програмата и застана на сопствени нозе, успеа да привлече државни фондови и што е уште поважно, стана дел од едукативниот систем во земјава, а како последно опремија простор кој ќе значи многу за натамошниот развој на академијата – рече амбасадорот Коп

Back to top button
Close