Домот на Курт Кобејн и Кортни Лав во Холивуд, чини речиси милион долари

– Куќата во која во 1990-тите живееле Курт Кобејн и Кортни Лав, се продава за 998.000 долари. Двокатното здание се наоѓа во Холивуд и не е реновирано откако ја користел овој славен пар, пишува „Пипл“.

Foto: Tatiana Tensen for Sotheby's International Realty

Зградата е изградена 1921 година и содржи три бањи и три големи спални соби. Поради големите прозорци секогаш има доволно светлина во куќата. Во соседството пак, има бројни други познати личности, како Дејвид Коперфилд, Тим Бартон и Тимоти Хатон. Кобејн и Лав се преселија во куќата во 1992. и тука се роди нивната ќерка Френсис Бин. Судејќи според документарецот „Тежок удар“ („Hit So Hard“, 2011), Кобејн во оваа куќа го напишал најголемиот дел од албумот „In Utero“.

Foto: Tatiana Tensen for Sotheby's International Realty

Семејството се преселило во Сиетл на почетокот од 1994 година, каде што пејачот на „Нирвана“ изврши самоубиство на 27-годишна возраст. Треба да се истакне дека на куќата во Лос Анџелес ѝ треба реновирање „од корен“.

Back to top button
Close