Домот на пастрмката“ од Александра Велинова е најновата илустрирана книга за деца која ќе биде промовирана на Саемот на книга на 9-ти мај (петок) во 18 часот.
Пастрмката реши да прозбори ќе упати важни пораки. Не ви се потребни нуркачки вештини за да се нурнете во подводниот свет на нашиот бисер Охридското езеро, потребно ви е само љубов кон пишаниот збор, фантазија и желба за уште едно незаборавно патување. Ќе го посетите домот на пастрката која има буквално се: детска соба, тоалет, кујна, дневна, но и јасна порака:
„..Не ми треба дом по најнова мода,
мене ми треба само чиста вода…“
-Најголема умешност и мајсторија на големите е да пишуваат за најмалите. Мора да си магично, мечтовито перо за да ја восхитиш бујната фантазија на децата. Треба да се нурнеш во нивниот волшебен свет и да им го задржиш вниманието дур ти ги читаат сказните, песните и приказните… Нивната потреба за вчудоневидување е бекрајна колку небесниот свод, длабока како океан и игрива како Домот на пастрмката. Пишувањето проза со поетски специфики е највпечатливото нешто за младите читачи, бидејќи полесно им се врежува во сеќавањето. скроена по мерка за суптилниот детски умпишува во рецензијата професорката Татјана Алексиќ.
Илустрациите се на Никола Темков, а сликовницата е во издание на ИК Едука Мак. Промотор на „Домот на пастрмката“ ќе биде проф.д-р Кристина Николовска. Извадоци ќе читаат учениците од основното училиште „Љубен Лапе“ од Аеродром под менторство на наставничката Маја Божиновска. Ќе биде соопштено и името на добитникот на наградата на ликовниот конкурс на тема „Домот на пастрмката“. Сликовницата е поддржана од Министерство за култура.
Ова е седма илустрирана книга за деца од Александра Велинова по „Бидејќи сум дете“, „Стефан во магичниот град“, „Стефан на прошетка со ками во Египет“, „Стефан во Дино парк“, „На крилјата на самовилското коњче“, „Мечето што не го фаќаше зимски сон“. Велинова пишува и за возрасни и член на ДПМ.