Донација на опрема за следење и контрола на ефектите од чистењето на линданот во ОХИС 

– Во Лабораторијата за хроматографска анализа на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет денеска ќе биде ставена во функција нова опрема за правење анализи на животната средина, која ќе се користи за независно следење и контрола на ефектите од чистењето на линданот во ОХИС.

Опремата е донaција од Норвешка преку имплементиран проект „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“ од Канцеларијата за проектни услуги на Обединетите нации (УНОПС).

Новата опрема ќе ја промовираат заменик-амбасадорот на Норвешка, Геир Јохансен и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Back to top button
Close