Донација од Германија за Управата за извршување на санкции

– Донација од Сојузна Република Германија денеска ќе и биде предадена на Управата за извршување на санкции.

Донацијата е финансирана од страна на сојузната Влада за имплементирање на мерки за заштита од Ковид-19. Вкупната вредност на донацијата е 21.996 евра и се состои од 4.126 ФФП2 заштитни маски и 30 комуникациски уреди.

Наменета е за КПУ Идризово, Охрид, Тетово и Штип и е дел од соработката меѓу организацијата „Хелп“ и Управата за извршување на санкции во рамки на регионалната проектна компонента „ Improvement of the treatment programmes in correctional institutions“..

Донацијата напладне ќе ја предаде германската амбасадорка Анке Холштајн заедно со Маша Бубањ од организацијата „Help – Hilfe zur Selbsthilfe“ на раководителот на Управата за
извршување на санкции Јовица Стојановски.

Back to top button
Close