Дончиќ ќе ја предводи Словенија на Еуробаскет 2025
Селектрот на словенечката кошаркарска репрезентација Александар Секулиќ го соопшти списокот од 19 играчи, за подготовките за претстојното Европско првенство 2025. Предводник на репрезентацијата ќе биде НБА ѕвездата во словенечкиот тим Лука Доничиќ.
Словенија во првата фаза ќе игра во групата Д во Катовице, а противници им се Исланд, Франција, Полска, Белгија и Израел.
Играчот на Лос Анџелес Лејкерс Дончиќ се очекува да биде лидер на Словенија, која има големи амбиции особено откако во 2017 година на Еуробаскетот со 9 победи без пораз ја освои титулата европски првак.